Фановите на Реал Мадрид јавно негодуваат поради серијата на слаби резултати во Примера Дивизион а посебно се насочуваат кон Хрватото, Лука Модриќ, кој не успеа да се наметне како лидер по заминувањето на Роналдо.
Во исто време и шпанските медиуми го критикуваат најдобриот фудбалер за 2018 година и пишуваат дека треба да му се најде замена. Згора на тоа Модриќ извесен период се поврзува и со можен трансфер во Јувентус и тоа во пакет со дефанзивецот Марсело. Затоа се предвидува дека идеално решение како замена за Модриќ би бил играчот на Тотенхем, Кристијан Ериксен.
„Кралевите“ сега имаат дури 10 бодови помалку од лидерот Барселона со што драстично заостануваат во трката за шампионската титула.

