Данскиот фудбалер, Кристијан Ериксен, кој има вграден дефибрилтатор откако претрпе срцев удар на ЕП во изминатото лето го одигра првиот меч за новиот состав Брентфорд.
Тој помина речиси еден час на теренот и успеа да направи асистенција. 30-ет годишниот Ериксен кој вчера прослави и роденден, претходно мораше да ја прекине соработката со Интер.
Играчите кои користат срцеви помагала не можат да се натпреваруваат во Серија А. Во Англија, пак, тоа е дозволено.