Данскиот интернационалец во редовите на Тотенхем, Кристијан Ериксен веќе има над 10 асистенции во оваа сезона од Премиер лигата,а тоа го прави веќе четири последователни години.
Само еден играч го постигна ова во историјата на Премиер Лигата и се вика Дејвид Бекам (помеѓу 1997 и 2001 година). Ериксен му помогна на Лукас Моура за изедначувачкиот гол на Тотенхем на гостувањето на „Енфилд“, но сепак го загубија натпреварот во финишот сопримен автогол.
Во исто време, шкотскиот лев бек од Ливерпул Ендрју Робертсон имаше импресивни 9 асистенции од почетокот на сезоната во Премиер Лигата. Робертсон асистираше, а Роберто Фирмино со глава го постигна првиот гол на „црвените“ во нивната победа од 2:1 против Тотенхем.
Само двајца дефанзивци Енди Хинкли (1994/95) и Лејтон Бејнс (2010/11) забележаа повеќе асистенции во Премиер Лигата во една сезона – вкупно 11.