Фудбалерот на Тотенхем Кристијан Ериксен ќе го пропушти претстојниот натпревар против Хадерсфилд кој се игра во сабота, изјави менаџерот на „Спарси”, Моурисио Почетино.
Данскиот интернационалец заработи повреда на стомачниот мускулна мечот со Брајтон и сеуште не е подготвен да игра. Затоа тој го пропушти натпреварот со Ватфорд од Лига Купот кој се играше во средата.
По првите 6 кола од Премиер Лигата, Тотенхем во моментов е на петтото место на табелата со 12 поени, додека Хадерсфилд е на дното и нема победа досега во оваа сезона.