Данскиот фудбалски интернационалец во редовите на Интер, Кристијан Ериксен, набрзо ќе ги напушти „нероаѕурите“ бидејќи не е задоволен од минутажата што му ја дава Антонио Конте.
Италијанските медиуми тврдат дека за неговите услуги е заинтересиран францускиот ПСЖ кој деновиве треба да го назначи Маурисио Почетино на местото на отпуштениот Томас Тухел. Тоа е само уште еден момент кој најавува дека Ериксен може да замине на „Паркот на принцовите“ бидејќи има одлични релации со аргентинскиот стартег од времето поминато во редовите на Тотенхем.
Воедно, Интер сака да ја искористи ситуацијата и затоа може да понуди i трампа за да го добие Леандро Паредес.

