Играчот на Тотенхем Кристијан Ериксен изрази задоволство и радоста од драматичниот пораз од Манчестер Сити, по кој лондончани сепак се пласираа во 1/2-финалето на Лигата на Шампионите, каде што ќе се соочи против Ајакс.
„Во моментов сум еден од најсреќните луѓе на планетата. Со голот на Манчестер Сити во дополнителното време, мислев дека е готово. Но, тоа беше лудило. Дали беше мечот како кошаркарски дуел на почетокот? Значи, го почувствувавме и ние тоа. Ние имавме шанси, а потоа имаа и тие. Многу чуден натпревар. Сега ќе можеме малку да земеме здив. По вчерашниот дуел знаеме што не очекува против Ајакс“, коментираше веднаш по натпреварот поранешниот играч на тимот од Амстердам, а сега еден од главните играчи на Тотенхем.