Брентфорд утрово го објави потписот со данскиот играч за врска Кристијан Ериксен. Тој доби договор до крајот на сезоната.
Данецот замина од Интер како слободен играч кон средината на декември, бидејќи неговиот имплант на срцевиот уред не му дозволува да игра професионално во Италија. 29-годишниот Ериксен нема играно откако доживеа срцев удар за време на натпреварот на Данска со Финска на ЕП 2020 на 12 јуни и сакаше да се врати на највисоко ниво со надеж дека ќе оди и на Светското првенство.