Фудбалерот од средниот ред на Брентфорд, Кристијан Ериксен, за првпат беше стартер на мечот со Норвич Сити во Премиер лигата откако доживеа срцев удар против Финска во јуни минатата година.
„ Не би рекол дека ова е ново поглавје, би рекол дека мојот живот продолжува“, изјави поранешниот играч на Тотенхем кој има вграден дефибрилатор.
„Секако дека имав лоши моменти, ми требаше неколку месеци. Сега осум или девет месеци подоцна сум тука, тоа е неверојатно“ – потенцираше Данецот.