Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, може да добие понуда од Барселона доколку Каталонците не успеат во намерата да го купат напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, шпекулираат медиумите во Шпанија.
Според весникот Спорт, шампионот на Примера има резервен план доколку не ја исполни првичната цел и не го обезбеди потписот на францускиот репрезентативец.
Ериксен има договор со Тотенхем до 2020 година и се претпоставува дека неговата трансферна цена е околу 100 милиони евра.