Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ерлинг Халанд има постигнато повеќе голови оваа сезона од цела Борусија Дортмунд
    Фудбал

    Ерлинг Халанд има постигнато повеќе голови оваа сезона од цела Борусија Дортмунд

    risteBy riste15/09/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Норвешкиот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд има постигнато повеќе голови во Премиер лигата и Лигата на шампионите на УЕФА оваа сезона од целиот тим на Борусија Дортмунд.

    Халанд оваа сезона веќе постигна 13 гола во сите натпреварувања, додека целата екипа на Борусија Дортмунд постигна само 12 гола во овој период.

    Вчера се одигра натпреварот од 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите, во кој Манчестер Сити на стадионот „Етихад“ ја пречека Борусија Дортмунд. Победата во натпреварот ја прославија „граѓаните“, а Халанд го постигна победничкиот гол, со што му нанесе пораз на поранешниот клуб.

    Голот на Халанд беше во 84. минута од средбата по асистенција на на Жоао Кансело. По постигнувањето на голот, напаѓачот не само што реши да не го прослави постигнатиот гол, кој на крајот му донесе три бода на неговиот тим, туку и се извини на германските навивачи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј

    03/02/2023

    Јуве сака да го раскине договорот со Погба

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    • Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.