Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ерлинг Халанд има усмен договор со Реал Мадрид
    Фудбал

    Ерлинг Халанд има усмен договор со Реал Мадрид

    risteBy riste10/09/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд има усмен договор со раководството на Реал Мадрид за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето, тврди „Диарио Мадридиста“. 21-годишниот супер талентиран играч го бараат повеќето од најдобрите тимови во Европа, но се чини дека во моментов Реал Мадрид е чекор пред своите конкуренти.

    Договорот на Норвежанецот вклучува откупна клаузула вредна 80 милиони евра, која ќе биде активирана летото 2022 година. Оваа сума е релативно ниска во споредба со парите платени во последните години за играчите од неговата класа. Затоа клубовите како ПСЖ, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Баерн (Минхен) и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата со Халанд.

    Сепак, иднината на напаѓачот можеби веќе е решена доколку се покаже дека се точни информациите за договорот со Реал Мадрид. Тој разговарал со претседателот Флорентино Перез и рекол „Да“ за неговиот предлог за трансфер следното лето. Покрај тоа, Реал има добри односи со газдите на Борусија (Дортмунд). Реал Мадрид ја испочитува желбата на германскиот клуб да го задржи играчот уште една сезона, но се подготвени со понуда за следното лето.

    Неодамна беше објавено дека Флорентино Перез има голем план да ги собере двете најголеми млади sвезди на „Бернабеу“ следното лето. Покрај Халанд, првиот човек на Реал се надева дека ќе го земе и Килијан Мбапе од ПСЖ, и двајцата ќе формираат „смртоносно тандем“ во нападот доколку тоа се случи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.