Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд стана главна трансферна цел на Челзи, пренесува „Скај Спорт Италија“.
Според изворот, лондонскиот клуб ќе се обиде да го купи фудбалерот во текот на летниот преоден рок. Претходно Ерлинг Халанд ја доби наградата „Златно момче“, која му се доделува на најдобриот млад фудбалер во Европа на возраст под 21 година и игра во Топ 5 шампионатите во Европа.
Потсетуваме, Ерлинг Халанд стана играч на Борусија во јануари 2020 година, откако премина од австрискиот клуб РБ Салцбург за 20 милиони евра. Оваа сезона од германскиот шампионат, Халанд учествуваше на 8 натпревари, на кои постигна 10 гола и направи 2 асистенции. Тој исто така постигна 6 гола на 4 натпревари во Лигата на шампионите.

