21-годишниот норвешки напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд беше прогласен за најдобар играч во германското првенство за месец август.
Во последниот месец од летото, Халанд успеа да постигне хет-трик на натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт (5:2), а погоди и на мечот со Хофенхајм (3:2). Борусија, во месец август остварие две победи, но и еден пораз од Фрајбург (1:2), исто така, загуби во германскиот Суперкуп против Баерн (1:3).
Ерлинг Халанд се пресели во Борусија од РБ Салцбург во јануари 2020 година. Договорот на Норвежанецот со оваа екипа важи до 30 јуни 2024 година. Во сезоната 2020/2021, напаѓачот одигра 40 натпревари за Борусија, во кои постигна 40 гола и 11 асистенции. Неговата пазарната вредност се проценува на 130 милиони евра.