Норвешкиот напаѓач во Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд постигна два гола на натпреварот од 4-то коло во групната фаза од Лигата на шампионите со Бриж (4:0).
Тој има 16 погодоци на 12 натпревари во Лигата на шампионите (покрај Борусија, Халанд постигнувал голови и за Салцбург). Норвежанецот стигна до 15 погодоци најбрзо во историјата на Лигата на шампионите. Холанѓанецот Руд ван Нистелрој (ПСВ, Манчестер Јунајтед) тоа го стори за 19 натпревари, како и Шпанецот Роберто Солдадо (Валенсија), додека на Хари Кејн (Тотенхем) му беа потребни 20 натпревари. Кристијано Роналдо постигна 15 гола на 51 натпревар, Лионел Меси на 29, Роберт Левандовски на 25.
Ерлинг Халанд се приклучи на Борусија од Салцбург во декември 2019 година. На својот прв натпревар за новиот клуб, тој постигна хет-трик.

