Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хенрих Мкхитарјан го коментираше договорот со клубот кој му истекува на крајот од актуелната сезона.
„Се чувствувам добро во клубот. Давам се од себе за да им помогнам на моите соиграчи. Работам на теренот а мојот агент се грижи за останатото“ – рече играчот.
„Никогаш не сум бил одбранбен играч но, правам се што е можно за да помогнам и во нападот и во одбраната“ – вели играчот на Интер.