Еспањол ќе преземе дополнителни безбедносни мерки за натпреварот на домашен терен против Барселона на 3 јануари, објави „Марка“.
Според изворор, во еден дел од стадионот ќе биде поставена мрежа за да се спречи фрлање предмети на теренот кон голманот на Барселона, Жоан Гарсија. Голманот минатото лето се пресели од Еспањол во Барселона.
Се забележува дека Еспањол не сака враќањето на Гарсија на „Корнела-Ел Прат“ да предизвика инциденти што би можеле негативно да влијаат на тимот.
Еспањол моментално е на петтото место на табелата во шпанското првенство со 33 бода по 17 кола, додека Барселона е лидер.

