Еспањол го отпушти тренерот Кике Санчез Флорес. 53-годишниот стратег кој го предводеше каталонскиот клуб од мај 2016 година мораше да си замине, по одлуката која синоќа ја донесе раководството на клубот.
Одлуката на управата е донесена врз основа на лошите резултати на тимот. Еспањол е на 16. место во Примера дивизија, освојувајќи само 36 бода во 33 меча. Заедно со Флорес, заминува и спортски директор на клубот, Жорди Лардин.
Привремено на чело на тимот застанува Давид Гаљего, кој го водеше Б-тимот на Еспањол. 46-годишниот стратег е поранешен фудбалер со скромна кариера.