Прославата на победата на Франција на Мундијалот во Русија донесе трагични моменти во земјата на „триколорите“.
Според медиумите, 50-годишен Французин го загубил животот поради општата мешаница додека во Сен Феликс во сообраќајна несреќа, загинал 30-годишен навивач. Во Париз и во Лион, полицијата имала полни раце работа за да ги заузда разбеснетите хулигани додека во Нанси тешко се повредени две малолетни дечиња.
Од француската полиција известуваат дека сеуште нема утврдено колку лица се повредени во инцидентите додека траеше прославата на шампионската титула на Франција.