Германската репрезентација извојува чиста победа против Португалија, но четворица играчи се повредија и ќе мора да паузираат.
Како што пишуваат германските медиуми, Матс Хумелс сè уште страда од иритација на тетивата, Томас Милер има повреда на капсулата на десното колено, а Илкај Гиндоган се бори со проблеми со препоните. Лукас Клостерман, пак, сè уште не се опоравил од повредата на мускулот.
Колку време ќе биде потребно овој квартет да се врати во изборот на Лев, засега не е објавено.

