Украинската фудбалска репрезентација останува без Александар Зубков за утрешниот меч со Македонија во 2. коло од групата „Ц“ на Еуро 2020. Селекторот на Украинците, Шевченко ја потврди веста.
Крилниот напаѓач на Ференцварош се здоби со повреда во своето деби против Холандија и беше принуден да го напушти теренот уште по само десетина минути од стартот на мечот во Амстердам. Неговото место ќе биде пополнето со Виктор Циганков, кој, пак, поради повреда го пропушти дуелот со Холандија.