Со натпреварите кои беа одиграни во текот на вчерашниот ден, беше комплетирано 48-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, каде трофејот го освои екипата на Еурофарм Пелистер кој во финалето го совлада фаворитот Вардар со 26:23.
Ова финале беше убава увертира за новата сезона, во која битолскиот тим заедно со Вардар најавија интересна битка на домашните ракометни терени.
По завршувањето на финалето, на најтрадиционалниот турнир во Струга беа прогласени и најдобрите поединци. За најдобар голман беше прогласен Градимир Чаневски (Еурофарм Пелистер), најдобар стрелец беше Тимур Дибиров (Вардар), а МВП на турнирот беше Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер).



Претходно неа одиграни и преостанатите натпревари за пласман, Металург во борба за 3.место го совлада Охрид, Бутел беше подобар од Прилем во натпреварот за петтото место, а седми заврши Еурофарм Пелистер 2 кој ја совлада Струга.

