Ракометарите на Еурофарм Работник остануваат со максимален ефект во СЕХА лигата откако вчера во Битола ја совладаа екипата на Металопластика со убедливи 32 спрема 21. Нашиот голман, Никола Митровски, кој нанижа дури 16 одбрани, вели дека сите треба да бидат задовони од победата.
„Бевме поконцентрирани во одбраната, исто така и во нападот, каде што транзицијата беше одлична. Направивме неклку грешки, но добрата одбрана ни овозможи повеќе шанси за лесни голови“ – вели Митревски.
Битолчани по средбата во СЕХА, веднаш се насочуваат кон новиот предизвик во ЛШ а тоа е гостувањето во Шпанија кај екипата на Ирун. Мечот е закажан за в недела.