Ракометарите на Македонскиот вицешампион, Еурофарм Работник немаа многу време за одмор и анализа на вчерашниот натпревар против Спортинг Лисабон во првото коло од Лигата на шампионите.
Екипата веќе се наоѓа во Шведска каде ќе се подготвува за првиот гостински меч против Савехоф. Еурофарм Работник загуби во својот дебитански настап во Лигата на шампионите на домашен терен со 29:30, но сепак играта која ја покажаа ветува дека може да биде рамноправен противник на сите екипи во својата група.
Попладне, Стевче Алушовски ќе го одржи првиот тренинг со своите ракометари во Шведска, а подготовките за овој меч ќе ги заврши утре, за кога е закажан официјалниот тренинг. За Шведска отпатуваа истите ракометари кои настапија на вчерашниот натпревар со Спортинг Лисабон.
Дуелот против Савехоф, Еурофарм Работник ќе го игра в среда со почеток од 19:00 часот.