Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, остана без дефанзивци за мечот против Брентфорд во текот на викендот во рамките на новата рунда во Премиер-лигата.
Левите бекови, Тајрел Маласија и Лук Шо, сигурно ќе го пропуштат дуелот заедно со централните стопер Хари Мегваер и Лени Јоро. Десниот бек, Нусаир Мазрауи, ќе биде надвор од теренот до ноември поради проблеми со срцето.
Според најавите, Ерик тен Хег ќе мора да го активира Џони Еванс на левата страна во одбраната иако тоа не е негова природна позиција.

