Евертон е единствениот клуб што направил понуда за играчот од средниот ред на Реал, Хамес Родригез. Реал мадрид сака да пронајде купувач за Колумбиецот, со цена од 40 милиони евра.
Неколку клубови се сметаа како заинтересирани за него, но досега само „Карамелите“ контактирале со шпанскиот гигант за да започнат преговори за евентуален трансфер.
Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти е добро запознаен со квалитетите на Хамес Родригез. Тој двапати има работено со него во Реал Мадрид и Баерн (Минхен), а сега тие можат да соработуваат по трет пат.
Италијанскиот стручњак верува дека може да му помогне на играчот повторно да дојде до својата најдобра форма. Евертон исто така е во преговори со самиот Родригез, кој посочи дека е подготвен да се пресели на „Гудисон Парк“ од каде му понудија договор за следните четири години.