Евертон официјално го објави назначувањето на Марко Силва, кој потпиша договор на три години со популарнирте „карамели“.
40-годишниот поранешен менаџер на Ватфорд и Хал Сити го наследи Сем Алердајс кој беше само шест месеци на клупата на оваа екипа. Според медиумите, Силва ќе добие околу 4 милиони фунти годишно на „Гудисон Парк“.
„Горд сум што ќе бидам нов менаџер на Евертон. Возбуден сум и многу среќен со прифаќањето на овој огромен предизвик. Ја познавам богата историја на клубот и знам какви очекувања имаат навивачите. Сакам симпатизерите да се гордеат со тоа што тимот ќе го покажува на теренот. Евертон е многу амбициозен клуб. Кога си во таков клуб, за тебе има само едно решение – да се стремиш кон победата. Во фудбалот е невозможно да го добиеш секој натпревар, но во секоја средба ние ќе се потрудиме да покажеме дека имаме амбиција” , изјави Силва за официјалниот сајт на Евертон.