Евертон и Наполи постигнаа договор за трансфер на Алан во клубот од Премиер лигата, пренесува „Sky Sport Italia“.
Тренерот на Евертон Карло Анчелоти ќе плати 25 милиони евра за неговиот поранешен играч, а уште 3 милиони ќе бидат вклучени во договорот како клаузули, односно бонуси. Во меѓувреме, Евертон продолжува да преговара со Реал Мадрид за Хамес Родригез, кој исто така е меѓу фаворитите на италијанскиот тренер.
Тој ќе пристигне во „карамелите“ со позајмица за една сезона. Колумбискиот играч за врска се очекува да биде подложен на лекарски прегледи следната недела.

