Од Евертон подготвуваат специјална понуда за играчот од средниот ред на Наполи, Алан. „Карамелите“ се подготвени да платат 30 милиони евра за Бразилецот, кој ќе добие 6 милиони годишно ако се пресели на „Гудисон Парк“.
Сепак, ПСЖ останува голем фаворит за потписот на Алан. Токму поради желбата на играчот да се пресели во Францускиот гигант, а во меѓувреме се влошија односите со раководството на Наполи. Сега клубот од Неапол чека добра понуда за да се раздели со него.
29-годишниот Бразилец беше доведен на „Сан Паоло“ во 2015 година од Удинезе, а пред тоа го носеше дресот на Васко да Гама. Неговиот договор со Наполи е до 2023 година. Оваа сезона Алан одигра 24 натпревари во сите натпреварувања и постигна 1 гол.