Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти, потенцира дека неговите фудбалери се максимално мотивирани за утрешното градско дерби против Ливерпул кое ќе биде одиграно на стадионот –„Енфилд“.
„Евертон долго време нема победа против Ливерпул. Дали е утре вистинско време за тоа да се случи? Може. Се зависи од работите што ќе успееме да ги направиме на теренот. Мотивацијата е многу висока“ – потенцираше Анчелоти.
Италијанскиот специјалист додаде дека Доминик Калверт-Левин, кој ги пропушти последните два меча, е опоравен и ќе биде на теренот за утрешното дерби.