Евертон подготвува понуда за дефанзивецот на Барселона и репрезентативец на Колумбија, Јери Мина. Дефанзивецот се претстави исклучително силно за време на Мундијалот, па сосема очекувано го сврте вниманието на себе.
Според последните инфомации тренерот на Барса, Ернесто Валверде е категоричен дека нема да смета на него следната сезона, па затоа голема е веројатноста младиот дефанзивец да си замине. Раководството е пред задача да го продаде.
Лион сепак исто е заинтересиран за Мина, па останува да се види чија понуда ќе биде подобра.