Евертон на својата официјална веб-страница објави нови информации за повредата на нивниот играч од средниот ред Андре Гомеш .
„Евертон може да потврди дека Андре Гомеш имаше операција на десниот зглоб откако синоќа заработи скршеница на истиот. Операцијата беше успешна. Португалецот кој беше повреден на вчерашниот натпревар во Премиер лигата против Тотенхем, ќе помине извесно време во болницата пред да се врати на во клубот за да започне со рехабилитација под надзор на медицинскиот персонал на клубот.
Се очекува 26-годишниот играч од средниот ред да може целосно да се опорави. Во име на Андре, клубот би сакал да им се заблагодари на сите навивачи на Евертон и на целата фудбалска заедница за поддршката што ја доби по вчерашниот натпревар“, се вели во соопштението на Евертон.
⚡️ | Get well soon, Andre! 💙 @aftgomes #EFC https://t.co/LD4O2YnoNr
— Everton (@Everton) November 4, 2019