Голманот на Барселона, Јаспер Силесен, може да ја продолжи кариерата во Англија. Според медиумите во Шпанија, 30-годишниот Холанѓанец преговара со Евертон.
Голманот на Каталонците има договор кој истекува летото 2021 година. Минатата сезона Силесен учествуваше на 9 натпревари за Барселона и дозволил да прими 9 гола. Во 2016 година тој се пресели во Барселона со трансфер од Ајакс.
Ако трансферот биде реализиран, тој ќе биде уште еден играч од Барселона кој оди на „Гудисон парк“. Минатата година „карамелите” ги зедоа Јери Мина и Лук Дин, додека Андре Гомес беше позајмен.
