Англискиот тим Евертон ќе се обиде да го купи дефанзивецот на францускиот Лил Габриел. 22-годишниот Бразилец се етаблира како еден од најдобрите на својата позиција во Лига 1.
Тој има одиграно вкупно 34 официјални натпревари оваа сезона. Договорот на Габриел со Лил е до 2023 година, а неговата цена е околу 20 милиони евра.
„Франс Фудбал“ вели дека тој е трансферна цел уште на два тима од Англија, Арсенал и Челзи, а Евертон веќе се обиде да го ангажира, но не успеа во таа намера минатиот јануари кога беше одбиен.