Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек наскоро може да го напушти Олд Трафорд. Според „Мирор“, 24-годишниот Холанѓанец е баран од Њукасл, но играчот од средниот ред ја одбил понудата на „страчките“.
Сега британското издание пишува дека за Ван де Бек се заинтересирани и Евертон и Вулверхемптон. Неодамна, пак, привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник, изјави дека не сака да се раздели со Холанѓанецот на средината на сезоната.