Манчестер Јунајтед доживеа дебакл во Премиер лигата на неговиот стадион „Олд Трафорд“ откако во текот на викендот загуби од Тотенхем со 6-1. Некогашниот капитен, Патрис Евра, вели дека ниту еден од сегашните фудбалери не заслужува да го носи дресот на славниот англиски клуб.
„По тоа што го гледав на теренот морам да признаам дека сум крајно разочаран. Сега ја разбирам болката на навивачите на Манчестер Јунајтед“ – потенцирал Евра.
„Во моментов ниту еден од фудбалерите не заслужува да игра во клубот. Мегвајер е една година и стана капитен. Тоа е само доказ дека во Јунајтед нема лидер“ – потенцираше Евра.

