Италија и Англија од 21 часот на Вембли ќе го одиграат големото финале на ЕП. Англичаните ќе се обидат да го освојат првиот трофеј после 1966. година кога на домашен терен го освоија Светското првенство.
Денешното финале се игра на истото место на нов стадион на кој ќе има околу 68.000 навивачи. За Италијанците се резервирани 8000 места. Англија во елиминациите ги победи Германија со 2:0, Украина со 4:0 и Данска со 2:1 по продолженијата.
Италија откако беше супериорна во групната фаза, нанижа победи со Австрија со 2:1 по продолженијата, Белгија (2:1) а во полуфиналето по изведување на пеналите беше подобра од Шпанија.

