Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денес во просториуте на АМСМ го прими новиот Европски шампион во автомобилизам на ридски патеки, Игор Стефаноски Иџе.
Директорот Мојсовски му ја честиташе новата шампионска титула на Стефановски и потенцираше дека со напорна работа и добра организација може да се дојде до вакви резултати. АМСМ заедно со неговиот тим веќе неколку години наназад ја зголемуваат соработката, а тоа дава резултати кои се видливи, а тоа е освојување на уште една титула Европски шампион, потенцираше Мојсовски.

„Чест и задоволство ми е што по трет пат ја освојувам оваа титула што ме стави во историјата на европските ридски трки, затоа што сум единствениот кој има три европски титули. Навистина е престиж д абидете најдобар на тие натпевари затоа што конкуренцита е навистина голема.Се надевам дека наредните години ќе можеме да продолжиме по овој пат со нови предизвици“ рече Игор Стефановски Иџе на денешната прес-конфренција во Агенцијата за млади и спорт.


