Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Европскиот шампион Ливерпул пред сериозен испит на „Енфилд“
    Фудбал

    Европскиот шампион Ливерпул пред сериозен испит на „Енфилд“

    risteBy riste11/03/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Европскиот и светскиот клупски шампион Ливерпул го  пречекува шпанскиот Атлетико Мадрид во реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите вечерва од 21.00 часот.

    Тимот на менаџерот Јурген Клоп е подготвен да го надмине резултатот од 0:1 кој го оствари на гостувањето на „Ванда Метрополитано“, а сите во Ливерпул се подготвени за уште една магична вечер на „Енфилд“. Поразот во Мадрид предизвика непријатна серија за Ливерпул – тешки победи над Вест Хем и Бурнемаут на домашен терен, поразот од Ватфорд со 0:3 како гостин и отпаѓањето од Челзи во ФА Купот.

    Во пракса, се покажа дека тимот на Диего Симеоне ја откри ранливоста на Ливерпул, а следните ривали го искористија тоа што го видоа. Голем удар за Ливерпул е отсуството на голманот Алисон Бекер, кој вечерва ќе биде заменет со Адриан. Ова е најсериозниот кадровски проблем за Клоп, кој ќе може да смета на капитенот Хендерсон кој се повреди на првиот натпревар во Мадрид.

    Атлетико оди на „Енфилд“ со капитал од еден гол и сува мрежа. Нов гол за Атлетико на „Енфилд“ ќе направи задачата на Ливерпул да биде уште по тешка, затоа што во тој случај Ливерпул би морал да постигна 3 гола за да го елиминира Атлетико Мадрид. Во Шпанија потенцираат дека огромна одговорност ќе падне на словенечкиот голман Јан Облак. Тој веќе се покажа како несовладлив на важни натпревари како против Баерн Минхен или Барселона со тогашното трио Меси, Суарез и Нејмар

    Ливерпул и Атлетико двапати играа на „Енфилд“ во  Евро куповите, завршувајќи 1:1 во групите на Лигата на шампионите во 2008/2009 година, а во 2009/2010 година, Ливерпул победи 2:1 во реваншот од полуфиналето на Лигата на Европа. Тоа беше последниот пораз на Атлетико на англиска почва, по што тимот одигра четири натпревари и не загуби (1 победа и 3 нерешени). На четири од неговите последни настапи во елиминациите во Лигата на шампионите, Атлетико продолжувал понатаму откако славел на првата средба, исклучок е минатата сезона, кога Атлетико беше поразен од Јувентус по победата со 2:0 во Мадрид, загуби во Торино со 3:0.

    Можни состави:
    Ливерпул: Адриан, Арнолд, Ван Дајк, Гомез, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Салах, Фирмино, Мане.
    Атлетико Мадрид: Облак, Лоди, Фелипе, Савиќ, Трипиер, Коке, Саул, Томас, Феликс, Мората, Кореа.

    Дени Меккели од Холандија ќе биде главниот судија кој ќе го означи стартот на мечот на „Енфилд“ кој се игра од 21 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.