УЕФА ги потврди домаќините за европските фудбалски првенства во 2028 и 2032 година. Континенталниот собир во 2028 година ќе се одржи во Велика Британија и Ирска.
Мечевите ќе бидат одиграни во Белфаст, Бирмингем, Кардиф, Даблин, Глазгов, Ливерпул, Лондон, Манчестер и Њукасл. Финалето на турнирот ќе се одржи на „Вембли“ а отворањето на стадионот во Кардиф.
Кога станува збор за Турција и Италија, претставени биле 20 стадиони а УЕФА до октомври во 2026 година ќе избере по пет од двете земји.