Судијата, Кевин Френд, кој со неговите контрадиктори одлуки на натпреварот Кристал Палас-Ливерпул донесе многу негативни реакции во јавноста, нема да биде делегиран за наредното коло во Премиер-лигата.
Тој во периодот кога се решаваше победникот досуди непостоечки пенал за „црвените“ и тоа по консултација со „ВАР“ собата.
Ливерпул на крајот ја однесе победата со 3 спрема 1 а луѓето од Кристал Палас жестоко реагираа на судењето.