Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) одлучи да го казни Манчестер Јунајтед поради недоличното однесување на играчите на тимот на натпреварот од ФА Купот со Фулам.
Во четвртфиналниот натпревар од ФА Купот со Фулам, фудбалерите на Манчестер Јунајтед побараа главниот судија на натпреварот, Крис Кавана, да досуди пенал за нив, но тоа не беше направено од страна на судијата. Манчестер Јунајтед е казнет со 65.000 фунти, откако играчите на оваа екипа го опкружија судијата на натпреварот во 71. минута од натпреварот од ФА Купот против Фулам.
Клубот исто така призна дека не успеал да обезбеди правилно однесување на играчите. Казната беше изречена од независен регулаторен орган по сослушувањето“, се вели во соопштението на прес-службата на ФА.