Медиумите во Англија се прашуваат зошто не е објавена казната за менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, кој заработи црвен картон по завршувањето на заостанатиот меч со Евертон во Премиер-лигата.
Градското дерби во средата донесе многу инцидентни ситуации и физичка пресметка меѓу фудбалерите на двата тима а судијата, Мајкл Оливер, во целата хаотична ситуација му покажа црвен картон и на менаџерот на Ливерпул.
Медиумите не се сигурни за каква санкција ќе се определи ФА и дали тоа ќе се случи пред викенд мечот со Вулверхемптон.

