Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ќе потроши околу 2 милиони фунти за надградба на покривот на националниот стадион „Вембли“ за Европското првенство 2020.
Според англиските медиуми, актуелното осветлување на стадионот, кое е поставено пред 11 години, не ги исполнува стандардите на ФИФА, УЕФА и англиската Премиер лига. Забележано е дека само 400 извори на светло ќе бидат заменети со LED рефлектори.
Планирано е Европското првенство 2020 да се одржи во 12 градови од различни европски земји. “Вембли” ќе добие еден од полуфиналните мечеви, како и финалето на турнирот.