Фудбалската асоцијација на Англија нема да поднесе обвиненија против менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола за неговите реакции кон главниот судија Мајкл Оливер.
Пеп не ги задржа нервите за време на дербито со Ливерпул, буквално збесна во 83-та минута, кога „граѓаните“ побараа втор пат игра со рака и пенал откако топката го удри во рака Трент Александар-Арнолд. Претходно, во 5-та минута, десниот бек на Ливерпул исто така играше со рака, по што домаќините организираа одличен напад и поведоа со 1:0 по ударот на Фабињо.
Во обете ситуации, Мајкл Оливер одлучи дека нема причина за пенал, а „ВАР“ ги потврди неговите одлуки. По последниот судиски сигнал, Гвардиола отиде да се поздрави со судијата и да им се заблагодари многу.
Во изјавата по натпреварот, менаџерот изјави дека ова не е форма на иронија. Пеп додаде дека медиумите треба да ги прашаат Мајк Рејли и момчињата задолжени за „ВАР“ за контроверзните одлуки.