Играчот за врска Фабијан Руиз има намера да го напушти Наполи, пренесува „Газета дело Спорт“. Според изворот, клубот од Неапол се надевал дека ќе го продолжи договорот со 24-годишниот шпански фудбалер, но Руиз ја одбил понудата.
Наполи е подготвен да го пушти Руиз доколку друг клуб понуди најмалку 50 милиони евра за играчот. Неколку клубови како Реал Мадрид, Барселона и Евертон се заинтересирани за услугите на шпанскиот играч за врска.
Оваа сезона Руиз учествуваше на 12 натпревари од италијанскиот шампионат, постигна 1 гол и 1 асистенција. Наполи успеа да освои 25 поени на 13 средби и е на 5-то место на табелата во италијанската Серија А оваа сезона. Лидер е Милан со 34 освоени бодови.

