Трансферот на Фабијан Руиз од Наполи во Пари Сен Жермен е прашање на часови. „Газета дело спорт“ информира дека италијанскиот клуб ја прифатил понудата на парижаните за играчот од средниот ред и се очекува тој денес да отпатува за француската престолнина каде мора да ги мине задолжителните лекарски прегледи пред да потпише со својот нов тим.
Наполи за Руиз ќе добие 23 милиони евра, а неговиот договор со ПСЖ ќе биде на 5 години. Во францускиот гигант играчот од средниот ред ќе добива по 5 милиони евра по сезона.
Руиз беше „замрзнат“ од Наполи откако одби да го продолжи договорот. Шпанскиот интернационалец не се појави на ниту еден од првите три натпревари на Наполи во Серија „А“ и тренираше одвоено од главниот состав.
Фабијан Руиз пристигна во Наполи во 2018 година. Тогаш за него на Бетис му беа платени 30 милиони евра. Тој одигра 166 натпревари и постигна 22 гола за Наполи. Потписот на Руиз во ПСЖ значи дека Леандро Паредес речиси сигурно ќе се пресели во Јувентус. Пред тоа, сепак, „бинаконерите“ мора да се разделат со Адриен Рабио или Артур.