Бразилскиот фудбалер во редовите на Ливерпул, Фабињо, наводно ги договорил личните услови со Реал Мадрид и набрзо ќе се пресели на „Сантијаго Бернабе“, велат последните шпекулации поврзани со трансфер пазарот.
Шпанските медиуми дури тврдат дека играчот ќе потпише договор до 2024. година и ќе заработува по 7.5 милиони евра годишно.
Ќе потсетиме дека Фабињо во 2012 година беше дел од „кралевите“ како позајмен играч од Рио Аве, но, не се наметна за првиот тим.