Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул во тековнава сезона, Фабињо, може да биде надвор од игра во наредните четири до шест недели, објавија медиумите кои ги следат случувањата во Премиер лигата на Англија .
Според –„Дејли меил“, играчот од средината на теренот кој има повреда на глуждот, допрва ќе оди на снимање бидејќи медицинскиот штаб на „црвените“ чека прво да му спадне отокот па дури потоа да му направи детален преглед на ногата.
Доколку се остварат прогнозите, Фабињо може да пропушти 10 мечеви меѓу кои и решавачкиот со Ред Бул Салцбург во последното коло во групната фаза во Лигата на шампионите.

