Монако е близу до привлекувањето на играчот од Челзи Сеск Фабрегас, пренесе весникот „Л’Екип“.
31-годишниот Шпанец сака да игра под водство на неговиот поранешен тимски колега, Тјери Анри, кој го предводи францускиот тимво моментов. Трансферот се очекува да биде финализиран следната недела.
Оваа сезона, Фабрегас има одиграно 14 натпревари за Челзи во сите натпреварувања и постигна еден гол. Досега, уште два тима беа заинтересирани за Фабрегас, тоа се Милан и Фенербахче.