Управата на италијанскиот прволигаш, Комо, објави дека тренерот Сеск Фабрегас нема да замине и дека ќе продолжи да го води тимот.
На тој начин прекинуваат сите шпекулации дека Шпанецот може да замине во германскиот Баер Леверкузен. Комо во сезонава бележи солидни резултати и успеа да се задржи во горниот дел во Серија „А“.
Во исто време и навивачите на Комо преку социјалните мрежи побараа од управата да го задржи Фабрегас.

